gototopgototop

Средното општинско училиште „ Наум Наумовски- Борче“ се наоѓа во непосредна близина на месноста Гумење и Спомен куќата на Тоше Проески. Зградата се состои од 2 спрата и е опкружена со голема дворна површина уредена со зеленило.

Слоганот кој го карактеризира училиштето „ Поинакви од другите“ означува дека во училиштето се застапени 2 вида на образование: Гимназиско и Угостителско Туристичко. Во гимназиското образование застапени се Општествено- хуманистичко и Природно математичко подрачје, додека во угостителската струка застапени се профилите Готвач и Келнер- тригодишно образование и Хотелско туристички техничар- четиригодишно образование. Наставата во училиштето e теоретска и практична и се изведува во една смена која започнува во 07:30 часот.

На самиот влез во училиштето е сместена Рецепција наменета за практичниот дел од наставата на  струката Хотелско туристички техничар.

Училиштето има вкупно 15 училници опремени со компјутер за секое дете, интернет, помеѓу кои се и кабинетите по биологија, хемија, физика, историја, географија, странски јазици опремени со наставни помагала за соодветните предмети.

Практичниот дел од наставата за струките Келнер и Готвач се изведува во современо опремените Кујна и Ресторан кои се наоѓаат во рамките на самото училиште.Тука учениците еден ден во неделата согласно со наставната програма ја изведуваат својата пракса.

За потребите на предметот Спорт и спортски активности, Општината ја има отстапено на училиштето спортската сала која се наоѓа на 10 метри од училиштето. Тука учениците  се рекреираат и ги остваруваат припремите за Државните спортски ученички натпревари.

Училиштето има своја библиотека со фонд од над 10000 книги : лектира, романи од секаков жанр,  стручна литература. Од година во година овој фонд се збогатува со нови актуелни наслови.

Кадар

Вкупно 36  вработени- наставници, стручни соработници, административно - технички персонал. Сите се со соодветно образование и соодветна униформа, согласно со нормативите за работните места.

Ученици

Учениците околу 300 на број ги изучуваат гимназиското образование, како и профилите од угостителско туристичката струка: готвач и хотелско туристички техничар. Согласно со измените на Законот за образование, учениците од околните места имаат бесплатна автобуска карта, како и бесплатно сместување. Секој ученик има своја училишна униформа  и  шкафче со сопствен клуч.

Освен едукативниот дел, не изостанува и богатиот социјален и забавен дел од наставата. Учениците се вклучени во сите проекти, натпревари: државни, меѓународни; соработка со локална средина. Нивно членување во драмската секција, хорот ги носи на меѓународни натпревари во Бугарија. Најдобрите од угостителската струка пак редовно учествуваат на меѓународните натпревари по готварство во Будва, Белград, Брач, Сараево. За поголема мотивација  учениците да го намалат бројот на изостаноци, два пати во годината во месец Ноември и Април, најдобрите класови  се наградени со еднодневна екскурзија низ Македонија.

Активности

Училиштето се грижи наставничкиот кадар континуирано да следи разни обуки, семинари за своја стручна едукација. Заедно со учениците учествува во проекти од различен карактер.

Активна е соработката со другите училишта од Република Македонија како што се:

„ Добри Даскалов“ Кавадарци, „ Здраво Цветковски“ и „Лазар Танев“ Скопје, Гимназија „ Јане Сандански“ Република Бугарија, Угостителски училишта од Банско, Корча- Република Албанија, Фоча - Босна и Херцеговина.

Од високо образовните установи, активна е соработката со Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје, БАС Академија, Економски факултет- Прилеп, Колеџ „ Димитрис Перотис“ Солун, Бизнис конфедерација на РМ, Стопанска комора на РМ.

Училиштето со своите активности стана член на Светската организација УНЕСКО, како и Европската асоцијација на хотелско туристички училишта АЕХТ.

Не изостанува соработката со организацијата на Црвен крст- Крушево, каде голем дел од нашите ученици волонтираат и спроведуваат хуманитарни акции. 

banersoknigi

Пребарување

РАСПОРЕД НА НАСТАВА


logoMON

АНКЕТА

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот
 

Моментални Посетители

Има 38 гости присутни