Апсорбирај знаење, инспирирај генерации!

СОУ „Наум Наумовски - Борче“ е единствено училиште за средно образование во општина Крушево кое опфаќа гимназиско образование и стручно образование (угостителско-туристичка струка).

Својата работа ја започна како училиште за општо образование од втор степен (гимназија) создадено од Народниот одбор на општина Крушево, а верифицирано од комисијата на Советот на просвета на НРМ на 06.05.1961 год. Наставата ја изведуваше во просториите на ОУ “Никола Карев” од Крушево се до добивање на сопствен објект  (училиште) во 1986 година каде што и денес се наоѓа.

Училиштето започна со две паралелки со вкупно 85 ученици, за да во последните години има 15 паралелки со променлив број на ученици до 350.

  • 1976/77 воведена е златарско-филигрантска струка - 1 паралелка (една генерација);
  • 1978/79 водедена е струка за брусачи на скапоцени и полускапоцени камења - 1 паралелка (две генерации);
  • 1979/80 воведена е угостителско-туристичка струка за занимањата келнер и готвач која и до ден денес опстојува;
  • 1980/81 воведена е дрводелска насока - сувенири од дрво и дрвна галантерија (2 генерации);
  • 1982/83 започнува нов концепт на насочено средно образование во прва година (ЗВОО);
  • 1992/93 новиот концепт за насочено средно образование се напушта и преминува во општа гимназија;
  • 2001/02 реформирано гимназиско образование со две подрачја: природно-математичко и опшествено-хуманистичко;
  • 2002/03 во УТС воведена е нова насока хотелско-туристички техничар од четврт степен.

СОУ „Наум Наумовски - Борче“ од Крушево е ограничено само на редовна едукација во гимназиското и стручното образование. Отворено е за сите оние кои се заинтересирани за стручно оспособување за занимања од угостителско-туристичка струка. Исто така можна е и прекфалификација на лица за завршено средно образование во занимањата келнер, готвач и хотелско-туристички техничар, а можна е и докфалификација на оние кои од разни причини не го завршиле своето образование.

Успешниот развој и квалитетот на едукацијата се потврдува со големиот број на академски граѓани, неколкуте доктори на науки и еден академик.

Училиштето е добитник на 8-мо Септемвриска награда на Собранието на општина Крушево за постигнувањата во областа на воспитно образовната работа во 1994 година.

Линкови

BIGtheme.net Joomla 3.3 Templates