gototopgototop

naslovna

На ден: 05.08.2018 година СОУ” Наум Наумовски-Борче”-Крушево беше домаќин на групата гости од градот Печуј-Унгарија, од средно стручно училиште и гимназија “Вилмош Жолнаи”.

Имено, средбата беше повод за потпишување на договор за меѓународна соработка помеѓу двете училишта, која опфаќа размена на ученици, натпревари од областа на гастрономијата и послужувањето. На средбата беа присутни Амбасадорот на Република Унгарија во Репбублика Македонија, Градоначалникот на Општина Крушево и личности од јавниот сектор.
По потпишувањето на договорот следеше ручек кој беше организиран во ресторанот во склоп на училиштето, при што беа послужени традиционални јадења карактеристични за земјата и градот Крушево.


Во изминатите 4 дена гостите имаа можност да го разгледаат градот Крушево , неговата култура, традиција и храна.
“Горди сме на еден ваков настан, кој ќе придонесе за одлична соработка на нашето училиште со други училишта, надвор од границите на Република Македонија. „Во иднина ваквите настани ќе ги зголемиме не само со Унгарија, туку и со останатите држави кои заедно ќе придонесиме за одлична соработка и промоција на нашето училиште, воедно и на нашиот град”, изјави директорката на училиштето Снежана Миленковска, која бескрајно им се заблагодарува на тимот кој во овие 4 дена неуморно вложија и им пружија топол пречек на нашите гости.

banersoknigi

Точно време

Огласна табла

krusevo

Пребарување

РАСПОРЕД НА НАСТАВА


logoMON

АНКЕТА

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот
 

Моментални Посетители

Има 29 гости присутни