gototopgototop

naslovna

Христијанскиот празник Дева кој го предвестува Христовото раѓање е уникатен и единствено во овој регион се прославува во Крушево.

Како дел од проектот за Одржлив развој на туризмот, СОУ „ Наум Наумовски-  Борче“ пет години со ред ја организира манифестацијата која е поддржана од Општина Крушево, верската заедница како и локалните стопанственици.

Нашите вредни ученици започнаа со подготовките одговорно и организирано.

Ги подготвија продуктите за училишниот штанд, каде посетителите се стоплија со варено вино , ракија и топло чајче. Хорот од училиштето ја отвори манифестацијата, после што следеше говор од градоначалникот Томе Христоски, доделување на благодарници на поддржувачите на манифестацијата, како и благослов за ѕвездите кои го започнаа својот пат од плоштадот.

Голема благодарност до печатница и копирница „Панда03“, Гостилница „Марчело“, Пицерија „Скар“, Организација „ Крушевска жена“ како и Рената Андрееска кои со своите штандови придонесоа за прекрасната атмосфера.

Парите собрани во касичката со која шетаа нашите ученици со училишната ѕвезда , ќе бидат подарени на првороденото дете после 18:00 часот  на 05.01.2018.

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna

naslovna


НАЈНОВИ ОБЈАВИ:
ПОСТАРИ ОБЈАВИ:

banersoknigi

Точно време

Огласна табла

krusevo

Пребарување

РАСПОРЕД НА НАСТАВА


logoMON

АНКЕТА

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот
 

Моментални Посетители

Има 65 гости присутни