gototopgototop

torun1

Нашето училиште СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, во чекор ги следи сите актуелни трендови и програми во образованието со цел да им пружи и овозможи  современо и квалитетно образование на нашите ученици. 

Освен што учествуваме како на домашни и меѓународни натпревари и сме се закитиле со многубројни награди и признанија, активно сме вклучени и во европски програми. 
Наш тим од 8 ученици, Марија Наумоска, Ангела Маркоска, Благоја Гули Наумоски, Сара Божиноска, Петар Данески, Марија Нинеска, Бобан Глигуроски, Анастасија Ѓорческа  и менторот Горица Најдоска Јовеска, професор по англиски јазик, штотуку ни се вратија од Полска, градот Торун, каде зедоа учество во реализирањето на проектот „Игрите како најмоќно орудие за учење во светот“ од програмата ЕРАЗМУС +.
Проектот се одвиваше од 28.09.2015 година до 07.10.2015 година. Во него освен нашиот тим учество зедоа и по еден тим од земјата домаќин Полска, Словачка и Турција. 
ЦЕЛТА на проектот беше учениците да се запознаат меѓу себе, да ги запознаат своите културни и традиционални вредности, да се мотивираат за создавање пријателство и соработка без граници, да се почитуваат едни со други и да научат како може да се започне сопствен бизнис. Во таа насока секој тим беше задолжен да презентира своја национална игра, која се игра во група, покрај маса. Освен тоа беа изработени четири проекти за аплицирање за сопствен бизнис од страна на четири интернационални групи од учениците на четирите споменати држави. Всушност, секоја активност се реализираше во мешовити групи, никогаш само врз национална припадност. Целата комуникација се одвиваше на англиски јазик.Сите учесници вложија максимален ангажман за проектот успешно да се реализира. Мислењето на сите тимови е дека во тоа успеавме. 
Што се однесува до тимот од нашето училиште, можеме да се пофалиме дека беше пријателски прифатен од сите партнерски училишта, и дека даде свој значителен допринос во реализирањето на овој проект.
Им благодариме на домаќините за беспрекорното гостопримство и  одличната организација. Им благодариме и на партнерските училишта од Словачка и Турција и се надеваме дека сите повторно ќе се сретниме и соработуваме на сличен проект. Им благодариме и на нашите ученици кои достојно го претставија не само нашето училиште и градче, туку и нашата татковина Македонија преку убави презентации, а над се со своето знаење,умеење и однесување. 
И, НИЕ НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ОВДЕ! Веќе имаме обезбедено и проект за изведување практична настава во пригодните и современо опремени простории за готварство во нашето училиште, повторно во програмата Еразмус+. Подготвени сме да аплицираме и за нови проекти. Нашата намера, желба и цел е да им овозможиме на што е можно поголем број ученици и наставници активно да се вклучат во она што денес се нарекува ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ. Притоа водиме сметка да бидат опфатени учениците од сите струки, пол, национална припадност и место на живеење.

torun 3

torun 4

torun 7

torun 8

torun 9

torun 10

torun 11

torun 12

torun 14

torun 15

torun 16

torun 18

torun 19

torun 20

torun 21

torun 22

torun 2

banersoknigi

Точно време

Огласна табла

krusevo

Пребарување

РАСПОРЕД НА НАСТАВА


logoMON

АНКЕТА

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот
 

Моментални Посетители

Има 27 гости присутни