gototopgototop

Обземени од магичната снежна еуфорија, гимназијалците од средното училиште Наум Наумовски-Борче од Крушево направија шаренило од снежни фигури и слики врз снежната покривка како сликарско платно.

Во изработката учествуваа околу 30 ученици од различни класови кои со помош на спреови во боја го исцртаа знамето на Република Македонија. Дел од учениците направија отпечатоци врз снегот и со помош на шпакли правеа човечки фигури. Исто така направена беше фигура „желка„ декорирана со текстура од природни материјали. По 2 часа работење, учениците со помош на професорот Емил Солески создадоа извонредна глетка која вреди да се погледне.