gototopgototop

naslovna

Социјална  инклузија на млади лица со интелектуална попречност преку волонтерство  и спортски активности со регуларна популација млади луѓе, е целта на спортско-едукативниот настан кој се одвиваше во саботата 14.04.2018 од 11.00 часот во просториите на нашето средно училиште „Наум Наумовски- Борче“.

Настанот се одржува во рамките на проектот  “Спорт за општествена акција”, кој се имплементира во организација на Младински Сојуз - Крушево, во соработка со Специјалната олимпијада од Македонија и     СОУ„ Наум Наумовски- Борче“ од Крушево, а со финансиска поддршка од Еразмус + програмата на Европска унија.

Гостите беа пречекани   во просториите на нашето училиште, од страна на нашите ученици и наставници, као и Градоначалникот на Општина Крушево.После кратката презентација за значењето на Специјалната олимпијада од страна на тренерите на овие млади луѓе, се одигра кошаркарски натпревар во спортската сала. Нашите ученици активно се дружеа и во прошетката до крушевското езеро, како и посетата на Спомен куќата на Тоше Проески. Се надеваме дека дружбата со овие прекрасни млади луѓе ќе продолжи и понатаму!


НАЈНОВИ ОБЈАВИ:
ПОСТАРИ ОБЈАВИ: