gototopgototop

naslovna

Во четвртокот на 12.04.2018 година во просториите на СОУ „Наум Наумовски- Борче“во организација на Младински Сојуз Крушево, се одржа Инфо ден.


Инфо денот е дел од проектот „Нурни подлабоко во социјално претприемништво“ и има за цел да информира за концептот на социјално претприемништво како иновативен концепт во борбата против младинската невработеност. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија, а се имплементира во соработка со 8 партнер организации од Грција, Бугарија, Турција, Романија, Португалија, Јужна Африка, Коста Рика и Перу, каде водечка организација е Младински Сојуз – Крушево.

Околу 20 ученици од нашето училиште имаа можност да ги прошират своите видици со информациите што им беа презентирани.


НАЈНОВИ ОБЈАВИ:
ПОСТАРИ ОБЈАВИ: