gototopgototop

deva5

И оваа година учениците на СОУ „Наум Наумовски - Борче“ во рамките на Проектот за одржлив развој на туризмот ја продолжија манифестацијата „Дева - во чест на новото раѓање“.

Основната идеја на овој проект е зачувување на традицијата и збогатување на туристичката понуда во Крушево.

Овој библиски настан е прикажан низ сценографија со колиба како асоцијација на пештерата во која се родил Исус, јагне како симбол на новиот живот, а сето го збогатено со хорот од училиштето кој пее црковни песни. На плоштадот се собраа и сите Витлеемски ѕвезди кои со благослов од свештените лица организирано тргнаа по крушевските домови да го најават раѓањето на Исус.

Адетот- посета на домовите со звезда и пеење на песната Дева, деване...... подразбира и собирање пари. Звездата од училиштето ја носеа матурантите со касичка на која се насликани библиски мотиви од вредните раце на ученичката Сара, во која домаќините ќе даваат дар во чест на новото раѓање. „Аберџиите средношколци“ традиционално и оваа година овој дар од народот ќе го подарат на првото новороденче.

deva2

deva6

deva4

deva3

deva7

deva8

deva9

deva10

deva11

deva12

deva13