gototopgototop

lider4

СОУ „Наум Наумовски - Борче“ од Крушево беше домаќин на вториот државен натпревар „Лидер на струка“ зазавршните години од средните стручни училишта од Република Македонија со угостителско-туристичката струка. На натпреварот учествуваа ученици од СОУ „Ацо Русковски“ од Берово, ССОУ „Коле Неделкоски“ од Велес, СОУ „Јосиф Јосифоски“ од Гевгелија, ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид, СУГС „Лазар Танев“ од Скопје, СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип и домаќинот, СОУ „Наум Наумоски – Борче“ од Крушево.

Учениците се натпреваруваа во четири категории: готвач, келнер, слаткар и хотелско-туристички техничар, во два дела: теоретски и практичен дел.

Натпреварувачите ги оценуваше централна комисија составена од претставници од Министерството за образование, Стопанската комора, Центарот за стручно образование и обука, Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

СОУ „Наум Наумовски - Борче“ Крушево освои две први места. Во категорија готвач: Марјан Димитриоски, ментор Дано Кремчески и во категорија хотелско-туристички техничар: Ангела Маркоска, ментор Роза Билјаноска Трпеноска.

За постигнатите резултати и за тоа кој ученик е носител на титулата „Лидер на струка“, Министерството за образование и наука ќе се изјасни откако ќе направи анализа на освоените бодови од победниците на секој профил посебно.

lider5

lider7

lider2

lider9

lider8

lider10

lider1

lider3

lider6

lider11

lider12

lider13

lider14

lider15

lider16

lider17

lider18

lider19

lider20

lider21

lider22

lider23

lider24

lider25

lider26

lider27

lider28