gototopgototop

Споменувајќи ги сите активности, програми и проекти во кои е вклучено нашево училиште, би сакале да кажеме по некој збор и за проектот ЕКО УЧИЛИШТЕ.

Официјално, од 28.09.2010 год.нашево училиште е вклучено во мрежата на ЕКО училишта.За целта на овој проект не треба многу да се зборува.На сите ни е јасно во каква состојба се наоѓа нашата планета и на сите треба да ни биде јасно дека грижата за неа е една огромна заедничка одговорност.Сакајќи да ја разбудиме свеста кај сите околу нас и да дадеме придонес во заштитата на животната средина, на 28.09.2010г.во рамките на прославата на патрониот празник го промовираме овој проект и станавме дел од него.

Што направивме?

Формиравме ЕКО одбор во кој членуваат професори,членови од локалната самоуправа претставници од бизнис заедница, од родителите и секако претставници од нас учениците.Формиравме ЕКО секција и одредивме еко патроли, кои ќе ги координираат и контролираат еколошките активности.

 За почеток направивме анкета за анализа на животната средина. Анкетата ја спроведовме помеѓу учениците и вработените во нашево училиште но беа опфатени (по случаен избор) и некои од родителите.Врз основа на тие резултати, дадовме предност на училишната зграда и училишниот двор. Ги отстранивме непотребните предмети, го збогативме зеленилото и поставивме куќарки за птици во училишниот двор.Неодамна создадовме и училишна бавча, во која под надзор на професорот по биологија учениците ќе одгледуваат некои градинарски култури.

Во врска со заштедата на енергија и вода, поставивме цртежи, изработени од наши ученици со предупредувачка порака.

За да ја подигнеме еколошката свест,изработивме ЕКО кодекс и ЕКО катче кое се обновува по иницијатива на еколошката секција.

Она на што сме посебно горди е нашето на учество на Trash fashion-. Станува збор за натпревар во креации од отпаден рециклирачки материјал кои беа презентирани во вид на модна ревија.Од нашево училиште се пријавија три тимови. Натпреварот се одржа на 26.05.2011 во Скопје.Во конкуренција од 48 натпреварувачи од РМ една од нашите креации освои второ место.

Свесни сме дека вистинската работа од реализацијата на ЕКО проектот допрва ни претстои, но горди сме и на ова што досега го сторивме.ЕКО   содржините се имплементирани во наставните планови и програми и ние сме спремни сериозно да се зафатиме со овој проблем, за што секако ќе ни биде потребна вашата огромна поддршка.

Училишен ЕКО одбор


ПОСТАРИ ОБЈАВИ:

banersoknigi

Точно време

Огласна табла

krusevo

Пребарување

РАСПОРЕД НА НАСТАВА


logoMON

АНКЕТА

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот
 

Моментални Посетители

Има 37 гости присутни