gototopgototop

Еколошките активности на нашите ученици продолжуваат согласно со еколошкиот календар на настани. На 17. 10.2013 е одбележан Светскиот ден на храната, ден покасно поради годишнината од смрттта на нашата ѕвезда Тоше Проески. Ученичките Марија Наумоска и Тања Грца и двете од втора година,под менторство на професорите Снежана Миленковска и Драган Преспаноски подготвија Power Point презентација на тема: Навики во исхраната. Во презентацијата беа вклучени и стручните мислења за влијанието на храната врз здравјето и забите на д-р Лидија Маркоска Кардула и д-р на стоматологија Захарија Преш Димоска. Со техничка поддршка на ученикот Христијан Бошкоски презентацијата проследена со жива дискусија со слушателите беше претставена пред учениците од ОУ„ Никола Карев" Крушево, ОУ„ Манчу Матак" Кривогаштани и ОУ„ Св. Кирил и Методиј" Бучин.
Придобивките од ова предавање се огромни, особено поради интересот што тоа го предизвика кај најмладите ученици, чии навики за здраво живеење ќе се градат и во иднина!

Нашето училиште со низа активности го одбележа 5 Октомври- денот без отпад. Учениците Благородна Павлоска и Димитар Пажик под менторство на професорите Снежана Миленковска и Пена Соколоска изработија презентација со која се претставија во повеќе институции. На 7 Октомври нашите ученици ги посетија градинката „ Гонча Туфа" и основното училиште „ Никола Карев" во Крушево. Во градинката после презентацијата , дечињата нацртаа на голем лист како би сакале да изгледа чиста средината во која живеат.
Во основното училиште пак после презентацијата и видео материјалот , учениците беа анимирани да го селектираат отпадот во околината, со оглед што училиштето поседува канти за различен вид на отпад: стакло, пластика и хартија. На 9 Октомври учениците со помош на техничката поддршка од Ташули Талески се претставија во подрачните училишта во селата Норово и Алданци.


Ваквите акции се за поздравување и се надеваме дека во иднина ќе се зголеми нивниот број!

Power Point Презентациja: 


Денес , 23.09.2013 - Денот без автомобили, беше најеколошки одбележан во нашето училиште. Учениците водени од мотото: „ Автомобил? - Не , вака е подобро!" го започнаа својот марш од влезот на Крушево, па се до месноста Гумење.
Сите заедно раководени од спортскиот дух: возачи на велосипеди, тркачи на скии, кошаркари, ракометари, одбојкари и не помалку значајни навивачи и поддржувачи на здравиот живот ,т.е. со еден збор ЕКОЛОГИСТИ, достојно го одбележаа овој ден.

Повеќе...

СОУ „Наум Наумовски – Борче" Крушево, по повод 16.09 – „Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка", одржа трибина на тема „Неговото височество- озонот".Мотото на триби-ната која се одржа во просториитe на пицерија „Скар" Крушево беше „Спасете го небото".Преку Pоwer point презентации беа разработени теми за запознавање со озонот, состојбата во која тој денес се наоѓа, неговите најголеми загадувачи и како да се намали неговото уништување. Презентациите беа изработени и претставени од учениците: Калиопи Порчу, Борис Дамјаноски, Ташули Талески и Христијан Бошкоски. Предавањето беше збогатено со мала музичка програма во изведба на Елена Чакалар, Христијан Анѓелкоски, Христаки Кардула и Дамјан Стојчески. Програмата ја водеа нашите ученички Ица Сотироска и Дијана Богданоска.
Со цел да се излезе од рамките на училиштето и во еколошките содржини и активности да се вклучи Локалната самоуправа, на трибината писмено беа поканети претставници на разни инсти-туции во градот, но за жал само некои од нив не удостоија со своето присуство како на пр, Здравствен дом , МВР- ПС Крушево, УЈП, ОУ „Никола Карев" Крушево.

Повеќе...

Денот на екологијата во нашето училиште беше одбележан во еколошки дух. Учениците организирани во тимови вредно ги завршија поставените задачи. Беше собрана сета потребна хартија од целата училишна зграда и спакувана во картонски кутии, спремна е за рециклирање. Беа исчистени и освежени со цвеќе жардињерите во училишната зграда и училишниот двор. Еден тим го расчисти отпадот, додека друг се погрижи за собирање на лисјата во училишниот двор. И покрај облачниот ден, не изостанаа ведрите и задоволни насмевки на учениците после завршените задачи.

Галерија - 21 Март Денот на екологијата

Повеќе Артикли...

banersoknigi

Точно време

Огласна табла

krusevo

Пребарување

РАСПОРЕД НА НАСТАВА


logoMON

АНКЕТА

Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот
 

Моментални Посетители

Има 16 гости присутни