Апсорбирај знаење, инспирирај генерации!

СОУ „Наум Наумовски - Борче“ Крушево го следи времето на брзиот технолошки развој, информатичката револуција и предизвиците од модерната технологија.

Во периодот од 07-12 април 2014 година во СОУ „Наум Наумовски - Борче“ во Крушево, се реализира првата работилница од проектот на тема 3D печатење, односно печатачи, кои не печатат текст на хартија, туку произведуваат вистински 3D објекти од стопена пластика, употребувајќи FDM техника ("Fused Deposition Modeling") за да се изгради објектот, слој по слој.

Г-динот Heinz Spiessод Швајцарија, одржа работилница за конструкција и користење на два 3D печатачи од типот RepRapPrusa i3, базиран на open sourceRepRapпроект. Она што ги прави RepRap Do- it-yourself 3D-печатачите да се разликуваат од комерцијални видови на 3D - печатачи е фактот дека тие се целосно базирана на софтвер со отворен код и дека речиси сите делови на печатачот (освен моторите, прачките, лентите, завртките и hotend-от) самите се направени со3D печатење - што е идеално за еден ваков проект.

На оваа работилница, учествуваа нашите ученици од втора година гимназиско образование, Марија Наумоска, Ирина Стојаноска, Михајло Фити, Бојан Ќушкоски и Петар Начески, заедно со професорката по физика, Марија Талеска и директорката Фаница Николоска, професор по математика и информатика. Со помош на членовите од некогашната Народна техника од Крушево, Христаки Кузманоски, Тошо Трајчулески и Сократ Хасану, како и Софија Николоска, дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии, успешно беа изградени два 3D печатачи од видот RepRap Prusa i3, кои функционираат и веќе започнаа со печатење.

Училиштето изразува голема благодарност за донацијата на г-дин Heinz Spiess, од Швајцарија, која се состои од два 3D печатачи и дополнителна опрема за нивно одржување. Проектот ќе продолжи и во наредниот период, преку нови работилници, конструкции и самоодржливост.

 

Галерија - REPRAP 2014

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it

Линкови

BIGtheme.net Joomla 3.3 Templates