Апсорбирај знаење, инспирирај генерации!

Свечено ставање во употреба на новите прозорци

На 10 октомври, 2014, во 12:00 часот, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со општина Крушево го прослави завршетокот на реновирањето на СОУ „Наум Наумовски - Борче“ во Крушево - поставување на алумуниумски прозори со цел постигнување енергетска ефикасност преку заштеда на топлинска енергија. Процесот на реновирање, финансиски поддржан од страна на владата на Соединетите Американски Држави преку Европската команда на американската војска (ЕУКОМ), ја покажа моќта на заедничката работа преку ангажирање на сите членови на заедницата во процесот. Фондовите беа овозможени преку учеството на училиштето во проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Мајор Џефри Ван Сикл, Шеф на канцеларијата за воена соработка при Амбасадата на САД, градоначалникoт на општина Крушево, Ѓорѓи Дамчески и директорката на училиштето Наум Наумовски - Борче, Фаница Николоска одржаа говор и ја пресекоа лентата.

Директорката во својот говор истакна дека Проектот на УСАИД за мегуетничка интеграција во образованието е одлична можност да ги зајакнеме нашите капацитети, да ги продлабочуваме нашите знаења и вештини за поуспешно да ги промовираме мултиетничките и мултикултурните вредности. Интегрираното образование е модел кој придинесува за зближување, толеранција и соѓивот помегу учениците, родителите и наставниците во чија основа е почитувањето на разликите, соработка преку интеракција и заемна комуникација меѓу припадниците на различните заедници. Процесот на реновирање на училиштето е само еден поттик да демонстрираме подготвеност и желба за соработка и зајакнување на концептите за меѓуетничка интеграција во нашето училиште.

На прославата беа присутни и гости од СОУ „Моша Пијаде“ од Тетово, нашето партнер училиште во овој проект. Учениците од двете училишта одржаа работилница, ги презентираа своите досегашни активности и подготвија мултиетничка трпеза.

Галерија - ПМИО 2014

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it

Линкови

BIGtheme.net Joomla 3.3 Templates