Апсорбирај знаење, инспирирај генерации!

На 05.10.2014 година во градскиот парк во Крушево се одржа Крушевска софра 2014 - манифестација која се одржува по втор пат во нашиот град. Нашето училиште учествуваше со ученици од угостителско - туристичката струка, со крушевски специјалитети зготвени во нашата кујна, под менторство на професорите Дано Кремчески, Оливера Карева Скола, Јован Бурнески и Снежана Миленковска - координатор за пракса.       

Изложената маса беше уредена во стилот на крушевската традиционална трпеза, со многу вкусни специјалитети - крушевска пита со праз, крушевска пита со грав, чомлек, тикварник, тавче гравче, баклава, сарми, палачинки, макало и други зготвени јадења на кои посетителите не можеа да им одолеат.

СОУ „Наум Наумовски - Борче“ како угостителско училиште со својот стручен кадар во областа на угостителството и туризмот, а преку оваа софра, преку презентација на специјалитетите, придонесуваме да се збогати туристичката понуда на градот Крушево, како и да се промовираме како стручно училиште во овој регион.

Галерија - Крушевска софра 2014

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it

Линкови

BIGtheme.net Joomla 3.3 Templates