Апсорбирај знаење, инспирирај генерации!

СОУ „Наум Наумовски - БорчеКрушево од оваа учебна 2014/15 година е побогато со уште едно катче наменето за учениците - Кариерен центар. Овој простор е создаден со проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС), кој целосно е опремен од страна на USAID - донаторот на проектот. Тоа е модерна просторија каде што учениците ќе може да се состануваат за да дискутираат и да добијат насоки за нивниот кариерен развој како и да ги подобрат своите вештини за вработување. Кариерното насочување и советување на учениците ќе биде спроведувано од соодветно обучен училиштен тим.

Активностите на проектот ќе опфатат три главни области:

           - Програма за подготовка за вработување и работа

           - Учење преку работа

·          - Кариерно планирање

 

Свечено отворање на Кариерен центар 2015

Линкови

BIGtheme.net Joomla 3.3 Templates