Апсорбирај знаење, инспирирај генерации!

Во рамки на швајцарската програма за Зголемување на пазарната вработливост (IME), имплементирана од Swisscontact на тема

 СОРАБОТКА И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ВРСКАТА ПОМЕЃУ ОБРАЗОВНИОТ И ЕКОНОМСКИОТ СЕКТОР ВО ОБЛАСТА НА УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ.

На 26.август 2016 година во просториите на СОУ „Наум Науовски – Борче“ Крушево се одржа тркалезната маса. Оваа тркалезната маса имаше две цели:

- Изнаоѓање на можности и начини за квалитетно услужен и задоволен гостин

- Идентификување на можности за подобра соработка помеѓу бизнис заедницата и училиштето

На тркалезната маса присуствуваа директорката и тимот стручни наставници на училиштето,  преставници од бизнис секторот со кој училиштето има потпишано договори за социјално партнерство, преставник од ЦСОО, надворешни консултанти.

Се дискутираше за:

1.      Очекувани знаења, вештини и способности од учениците;

2.      Значењето на практичната обука во унапредувањето на угостителско – туристичката дејност;

3.      Вклучување  на бизнис секторот во активностите на училиштето.  

Заклучок на тркалезната маса беше дека со заеднички заложби и поддршка можеме да го подобриме квалитетот и вештините на учениците потребни на пазарот на труд.

Галерија Зголемување на пазарната вработливост (IME) 2016

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it

Линкови

BIGtheme.net Joomla 3.3 Templates