Апсорбирај знаење, инспирирај генерации!

На 53-тата прослава на патриноит празник на училиштето беа присутни градоначалникот на општина Крушево, г-динот Ѓорѓи Дамчески,претседателот на Совет на Општина Крушево, претставниците на останатите институции на градот,  претставниците на УО, претставниците на Советот на родители, претставниците на бизнис заедницата, колеги пензионери.

Пригодната програма, проследена со спортски активности, музички точки, рецитал и драматизација, заврши со говорот на директорката г-ѓа Фаница Николоска, која меѓу другото подвлече дека:      

Отсекогаш училиштето било место каде се води бескрајна, долга и стрплива борба со несовршеностите на човечката природа. Сигурно тоа е најтешко - како да се обликува и менува, а да не ја повредиме кога знаеме дека е цврсто окована со инстикти, а распната меѓу идеалите и реалноста. Во таа борба немаме право да се повлечеме, предадеме или со скрстени раце да седиме пред предизвиците на новото време.

Затоа, колеги наставници, честа и одговорноста да сме дел од овој процес на воспитување и образување на  младите е огромна, особено денес кога во ера на материјализам и прагматизам човештвото како да ги подзаборави основните човечки вредности .

Со нашите лични примери ние треба да ве научиме драги ученици,како  да бидате чесни и скромни пред се, да ја цените  правдата и вистината над се, да ги сакате  и почитувате  другите и различните. Ако при тоа, макар и малку  разберете дека знаењето кое го добивате овде е најголемото богатство кое може да се понесе со себе..., е тогаш сме постигнале навистина многу...

Затоа колеги наставници нека остане одлучноста и силата со која ќе ја работиме со љубов својата работа, спасувајќи поколенија ученици од апатија, апсурд и безнадежност - нашите најголеми непријатели.

Иако прв пат говорам од оваа позиција, не е тешко да се додаде уште една капка во морето од зборови за нашето училиште. Можеби затоа што многу добро, паметно и убаво е собрано на ова место, па одбива напади од секаков вид, со намера во тоа да истрае и следните век и половина, најмалку.

На крајот од својот говор директорката им упати честитки на наградените ликовни и поетски творби на училишниот конкурс - Крушево во нашите срца по повод Патронатот, и им посака плодна творечка дејност.

Присутните гости потоа беа поканети на свечен коктел.

Галерија - Патронат 2014

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it

Линкови

BIGtheme.net Joomla 3.3 Templates