Апсорбирај знаење, инспирирај генерации!

 

Во согласност со  Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2016/2017 година во Република Македонија објавен од страна на Министерството за образование и наука на 31.03.2016 година  

СОУ „Наум Наумовски - Борче“ Крушево објавува


ИНТЕРЕН ОГЛАС
за запишување ученици
за учебната 2016/2017 година


I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

  • Гимназиско образование - 68 ученици, 2 паралелки, 60 минимум поени
  • Угостителско-туристичка струка - 102 ученици, 3 паралелки

- хотелско-туристички техничар / угостителски теничар

            мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

- келнер (реформиран наставен план и програми)

            мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

 - готвач / слаткар (реформиран наставен план и програми)

            мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

 

 

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во учебната 2016/2017 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со Конкурсот објавен од страна на МОН.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.

Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Условите за запишување на учениците се:

- да имаат завршено основно образование;

- да не се постари од 17 години;

- да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

            а) гимназиско образование;

            б) стручно образование и обука;

- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат и ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

- пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 4 јули 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2016 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2016 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2016 година.

Училиштето доколку во двата уписнии рока не ги пополни утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжува со запишување на учениците до 31 август 2016 година.

 

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);

− средна вредност од поени добиени за поведение.

Доколку се пријават поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

 

11.04.2016 година

Крушево

 

СОУ „Наум Наумовски - Борче“ Крушево

 

Линкови

BIGtheme.net Joomla 3.3 Templates