Апсорбирај знаење, инспирирај генерации!

Младинската Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија или скратено МАССУМ секоја година организира ученички натпревари во различни категории за учениците од средните стручни училишта од цела Македонија. Асоцијацијата постои од 2006 година и има за цел да го подобри и збогати животот на младите, да ги унапреди нивните можности и потенцијали за лидерство, комуникација, тимска работа и слично.

 

Честа да бидеме домаќини на ваквиот значаен настан оваа година му припадна на нашето училиште СОУ „Наум Наумовски- Борче“ од Крушево. Натпреварите ќе се одвиваат во 16 категории и тоа:

1. Најдобро интервју за работа

2.Модна ревија

3. Најдобар пингпонгар

4. Најдобар јавен говор

5. Маркетинг план

6. Поетска творба

7. Драмска претстава

8. Најдобра фотографија

9. Најдобра екипа во серва

10. Најдобра екипа во Street ball

11. Видео реклама

12. Веб страна

13. Најдобар бенд

14. Најдобар филм

15. Кариерно портфолио

16. Најдобар штанд

За подетални информации и апликации може да се обратите на адресата на Асоцијацијата www.massum.org

Линкови

BIGtheme.net Joomla 3.3 Templates